Нема влез во Грција до крајот на август, нема промени на протоколите


Грција останува затворена за македонските туристи и по 15 август, велат од грчката амбасада во земјава.

Информациите дека по 17 овој месец ќе се отворат граничните премини за нашите државјани со негативен ПСР тест се неточни. Оваа одредба ќе важи за грчките граѓани или оние кои имаат дозоволи за постојан престој во Грција, соопштија на владината прес конференција во Атина.

Задолжителен тест се воведува и за патниците кои со авион во Грција доагаат од Шпанија, Шведска, Чешка Белгија и Холандија. Поради короната откажан е и меѓународниот саем во Солун, но и сите останати јавни манифестации. Ова беше одлучено на последниот состанок на премиерот Мицотакис со здравствените власти. Граничните протоколи се ревидраат на секои петнаесет дена на на ниво на Европоска Унија, но од грчката амсада се речиси сигурни дека сегашните забрани ќе продолжат да важат до крајот на месецов.

Последнава недела Грција бележи сериозен раст на заболени од Ковид, а најновите случаи, 203 и во недела, потекнуваат до Атина и Солун. Грчкиот министер за здравство соопшти дека се работи за втор бран на болеста и упати повик до младите да бидат особено претпазливи и да ги почитуваат протоколите, дистанца и носење маски, за да не се шири болеста меѓу ранливите категории на населението. Дел од вината се префрла и врз туристите кои доаѓаат во земјата, а за пример се посочува Италија каде инфекцијата посторно е во пораст со враќање на младите кои одморот го минале на Ибица, Малта, Крф, и Хрватска. Кориере Де ла Сера пишува дека последниов месец се зголемил бројот на заболени под 30 години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1