Нема враќање на училиште


Учениците не се враќаат во училишните клупи до 10 јуни. Министерот за образование Адеми соопшти дека основците и средношколците продолжуваат со настава како и досега, преку интернет од дома.

Годинава нема да има полагање ниту матура. Се укинува и државната и училишната матура но и завршниот испит во средните училишта. Сепак Адеми појасни дека сите средношколци ќе добијат диплома за зваршено средно образование.

Во однос на високото образование Адеми рече дека на факултетите ќе можат да се запишат студенти со диплома за завршено средно, лица што положиле државна матура или меѓународна матура во учебната 2018 – 2019 година како и лица кои завршиле средно образование пред воведување на условите за полагање на државна матура.

Уписите на првачињата наместо во мај ќе почнат од јуни. Но во следниот период ќе се утврди начин по кој ќе се врши уписот и во средните и во основните училишта.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1