Непал не престанува да се тресе – нови силни земјотреси и жртви


Најмалку 26 лица ги загубиле животите а уште најмалку 300 се повредени во новиот силен земјотрес со магнитуда од 7,3 степени по Рихтер, кој во вторникот го погоди Непал кој тешко се оправува од разорниот земјотрес кој го погоди на 25-ти април во кој загинаа над 8.000 луѓе и уништени се стотици илјади домови и објекти.

Телата на нови 19 загинати се пронајдени во округот Долака, објави непалската агенција IANS. Претходно за агенцијата ТАСС портпаролот на полицијата на главниот град Катманду, Камал Синг Бан изјавил дека „располага со информација за седум загинати во регионот Синдхупалчок во централниот дел на земјата и во градот Катманду, како и за уште 150 повредени.

nepal-500

Националниот центар за вонредни состојби, од своја страна соопшти за 335 повредени. „Според нашите податоци, загинале 16 и настрадале 335 луѓе“, се наведува во објавата на официјалниот акаунт на Центарот на Twitter.

Во земјотресот од вторникот урнати се повеќе згради, а во градот Чаутара загинале четири луѓе, изјавил портпаролот на Меѓународната организација за миграции (IOM). Агенцијата Press Trust of India јавува дека во соседната индиска сојузна држава Бихар во земјотресот загинале десет лица, во неколку објекти кои се урнале.

Инаку во северна Индија во земјотресот од 25-ти март со магнитуда од 7,8 степени загинаа 66 лица а над 200 беа повредени. А вторничниот се почувствувал повторно во главниот град Њу Делх и во најнаселениот град Калкута, каде според медиумските извештаи зградите се треселе подолго од една минута, а луѓето во паника истрчале на улиците.

„Во Чаутара се урнаа неколку згради. Четири лица загинаа“, изјавил од Непал за Reuters портпаролот на IOMA Пол Дилон. Организацијата спроведува хуманитарна операција и има распоредено свој персонал во Чаутара.

Првиот земјотрес во вторникот со магнитуда од 7,3 степени по Рихтер е регистриран околу 9 часот по македонско време. Епицентарот се наоѓал 83 километри источно до непалската престолнина Катманду, на длабочина од 18,5 километри. Потоа се регистрирани уште шест последователни потреси од кои најсилниот со магнитуда од 6,3 степени.

Индиската метеоролошка служба, пак, објави дека по првиот потрес се регистрирани уште најмалку шест афтершокови со помал интензитет, со магнитуда 4,2 до 6,2 степени.

Покрај тоа што повторно предизвикал паника кај жителите на Катманду, денешниот земјотрес бил силно почувствуван и во градот Намче Базар, под Монт Еверест, кој е оддалечен 68 километри од епицентарот. Епицентарот е во близина на базен логор на Еверест кој е евакуиран откако во лавината предизвикана од земјотресот на 25-ти април загинаа 18 алпинисти.

Поради катастрофалниот и уште стотината последователни потреси со магнитуда меѓу 3,2 и 6,7 степени. Алпинистите од целиот свет кои планирале да го освојат најголемиот врв на светот ја откажаа годинешната сезона на искачување на Монт Еверест.

Во априлскиот земјотрес загинале според податоците на Црвениот крст на Непал од минатиот петок 8.413 луѓе а повредени се 17.576 лица. Со тоа бројката на загинатите се доближува до онаа од земјотресот во 1934 година, кога загинале 8.500 луѓе. Сепак, се стравува дека новиот силен потрес од вторникот ќе предизвика повеќе бројни жртви, големи материјални штети, одрони на земја и лавини.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1