Неработни денови во Август – овие денови не ви влегуваат во одморот


Со оглед на праксата на газдите деновите од празниците да ги вбројуваат и во деновите на одмор ве потсетуваме дека согласно законот за работни односи саботите, неделите и државните празници не влегуваат во деновите од одмор.

Односно според законот имате право на 20 работни дена одмор. Доколку некој од газдите ве приморува да работите на овие празници или пак ви ги вметне во деновите од годишниот одмор, може да се обратите до трудовата инспекција.

Во месец август има 3 празника. 2 се неработни за сите граѓани, а еден за христијанските верници.

Согласно Законот за празници на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2012 година неработни денови за месец август се:

За сите граѓани на РМ

• 02 Август (четврток), Ден на Републиката
• 20 Август (понеделник), Рамазан Бајрам

За граѓаните од православна вероисповед

• 28 Август (вторник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

One Response to “Неработни денови во Август – овие денови не ви влегуваат во одморот”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.