Нешто „смрди“ – кој терорист носи и заборава лична карта? И не е само тоа сомнително!!


Како полицијата во Франција експресно дојде до идентитетот на напаѓачите на сатиричниот весник во Париз. Имињата на тројца осомничени експресно осамнаа во медиумите. А се знае дека терористите беа целосно маскирани и неможеше да се направи 100% идентификација???

Според објаснувањето на полицијата еден од терористите во автомобилот со кои бегале ја заборавил својата лична карта????

Кој терорист кога оди да изврши масакр од кои не се знае дали ќе се извлече жив или мртов со себе уредно како добар граѓанин носи лична карта?? ај што носел лична карта ама па и случајно ја заборавил во автомобилот за полицијата да ја најде и веднаш да пушти негово име и слика во сите медиуми додека тој се обидува да избега???

уб

За третиот осомничен исто така небулозна приказна.. Заедно со имињата на двајцата браќа се објави и идентитетот на третото лице кое наводно ги чекало пред весникот – бил 18 годишен средношколец. Откако со име и презиме го објавија  во медиумите, детето си го чуло името и веднаш отишло во полиција да се предаде.

Тврдел дека нема врска со нападот и дека во моментот на пукањето бил во училиште на часови – а неговата приказна ја потврдиле и неколку соученици. Епа одкаде тогаш на полицијата неговото име и тоа толку сигурни за да го развлечат по сите светски медиуми како еден од терористите кои убија 10 новинари и двајца полицајци???

teroristi500

Што е најчудно детето уште го држат на разговори но појаснуваат дека ,,во моментов против него не е покренато обвинение,,

Подржувачите на теории на заговор тврдат дека нападот во Париз е класична „намештаљка„ дека е обид да се направи раздор меѓу муслиманската заедница и останатите во Париз. А кој би стоел зад сето тоа и зошто, има неколку теории кои ќе ги наведеме подоле.

Еве што е се чудно околу нападот освен идентитетот на терористите

1. Терористите знаеле точно во колку часот е уредничкиот состанок на кој ќе бидат сите карикатуристи carli kancelarii

2. Немале како да влезат во зградата вработената новинарка да не им ја отчукала шифрата?? Што ако таа новинарка не се појавела баш тогаш. Што ќе правеле терористите, маскирани и вооружени до заби ќе си чекале пред врата додека некој не им отвори или наиде да им даде шифра?

3. Имале список со имиња и ги прозивале карикатуристите пред да ги убијат.

4. при бегањето пукаат во полицаец. Паѓа на земја, терористот приоѓа со еден истрел во глава го убива – а сепак иако претходно ранет и штотуку погоден одблиску во глава никаде нема крв на плочникот?

policaec_ubien500

Руски експерт тврди дека се сомнева дека воопшто и имало пукање на улица. Член на претседателството на здружението на руски официри и ветеран на специјалната единица „Алфа“ Игор Шевчук во интервјуу за телевизијата „Лајф њуз“ изјави…

– Во целата приказна постојат многу недоследности. На снимката на која маскираниот човек наводно го убива полицаецот нема барутни гасови од пушаката на терористот кога пука – вели Шевчук.

5. Бившиот „Алфа“ изразува чудење и за то што претседателот Франсоа Оланд дошол на местото веднаш по пукањето. Еве што вели

– Терористи се во бекство, штотуку е извршен масакр, во градот е вонредна состојба, не се знае каде се терористите, а они го носат претседателот на истото место на нападот?? Ниту една озбилна безбедоносна служба не би дозволила такво нешто бидејќи тоа би било директно загрозување на животот на претседателот, вели Шевчук.

6. Понатаму -Терористите се движат како специјалци. Нивното држење на оружјето, начинот на одење – потсетува на тренирани лица.

6. Не трчаат, не бегаат нема паника.. Мирно си одат кон автомобилот како да си се шеткаат а не како да ги брка полиција и штотуку убиле 12 лица. teroristi pariz

7. Откако влегоа во автомобилот, нема „шкрипки“ нема брзо возење во очекување на потера. Мирно полека си заминаа од местото.

8. Подоцна уредно си го паркирале возилото пред ресторан каде наводно киднапирале втора кола и избегале. Кој терористи кои знаат дека цела Франција ги бара мирно и прописно ќе паркираат пред да украдат нов автомобил?

Како ќе се одивива се останува да видиме – сепак досега нешто сериозно не е во ред со оваа приказна.

Но на кого би му било во интерес да го направи овој масакр – на муслиманите, на америка, на опозицијата, ???? Еве неколку теории на завера кои се шират на интернет.

Прва – Дека ова е масло на Ал Каеда која веќе неколку години сака да обезбеди бројни поддржувачи во Франција но француските муслимани едноставно не се заинтересирани за тероризам и џихад. Со овој напад тие на свој грб би го почуствувале гневот на немуслиманите во Франција, а тоа ќе ги натера да се бранат, да се држат меѓу себе и на крај да ја поддржат борбата на ИСИС и Ал Каеда. Inspire-magazin500

Втора теорија – Дека нападот е масло на опозиционата партија на Ле Пен којa прокламира дека Франција е премногу либерална кон муслиманите. Има цврсти ставови против и со ваков напад само би и се покажала на француската јавност дека муслиманите се закана а лекот е нормално нивната партија. Одсега се знае дека Ле Пен типува на наредните претседателски избори да го победи и собори Оланд, а ваков развој на настаните во земјава и те како би одел во прилог на популарноста меѓу французите. marin-le-pen-1395700214-468037

Третата теорија – класика – Америка е виновна. Дека ова е уште едно исценирано масло на американците кои имаат се побледа поддршка од Европа во борбата со како што велат теориите на заговор ,,од нив донесените и финансирани навидум терористи,, а всушност посреди е само бизнис – бизнис без кој Америка би била во проблем ако нема каде да го троши оружјето. Рускиот аналитичар Андреј Максимов тврди дека овие случувања се во интересите на САД, и вероватно се ипланирани од страна на нивните разузнавачки агенции. Поборниците на теоирии на заговор потсетуваат – дека по нападот на кулите близначки откако се беше пепел и крш службите чудесно успејаа да најдат пасош на еден од терористите со чија помош после ја откриле цела група.. Ви звучи познато? И тогаш и сега документ за идентификација мистериозно се појавува.

sirija obama assad_640

Четврта теорија – дека убијците се задоени, инструирани поединци кои на своја рака одлучиле да направат ваква глупост мислејќи дека со тоа го бранат муслиманството. Оваа теорија е малку веројатна за поборниците на теориите на заговор – зошто? затоа што целата операција изгледа премногу организирана за да е дело на двајца фанатици.

Tags:

MK News

Автор инфо

One Response to “Нешто „смрди“ – кој терорист носи и заборава лична карта? И не е само тоа сомнително!!”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.