Ништо без крал – Србите сакаат да ја вратат монархијата (Видео/Фото)


Србија наскоро би можела на избори да одлучи за тоа дали сака да го врати монархистичкто уредување. Патријархот вели дека на Србија и е потребен крал. Премиерот Дачиќ бара референдум, додека политичарите се противат.

Србија како уставна парламентарна монархија. Ова наскоро би можело да стане реалност. Патријархот Иринеј ја подржува ваквата идеја и вели дека на Србија и е потребен крал.

Karađorđevići

За тоа време граѓаните масовно се поклонуваат пред својот крал Петар Втори од Југославија и се молат за враќање на монархијата. Смртните останки на последниот српски крал Петар Втори Караџорџевиќ, по 72 години, се вратени во својата татковина, а тоа предизвика лавина на коментари во врска со враќањето на монархистичката цел во Србија.

Капелата е отворена за граѓаните од 11 до 14 часот секој ден и за време на викендите од 11 часот до 15 часот.

На влезот во палатата граѓаните палат свеќи и оставаат цвеќиња и пораки на кои пишувало „Добродојдовте во вашата Србија“, „Правдата конечно е задоволена“, „Ништо без крал“, „Србија повторно ќе биде монархија!“.
Парадата беше под будното око на припадниците на жандармеријата, кои заинтересираните граѓани во групи по десет луѓе ги пуштаа во црквата. Но, до инциденти не дошло, затоа што сите на достоинствен начин дојдоа да го бакнат крстот и да го допрат ковчегот на својот крал.

kral petar pocestГолем број на граѓани кои мирно протестираа, изјавиле дека едвај чекаат можност да се распише референдум за монархијата и да гласаат без воопшто да размислат и да се проколебаат за назад кон бирањето на крал
Премиерот Ивица Дачиќ по пренесувањето на остатоците на кралот Петар Втори Караѓорѓевиќ во Србија по 72 години, изјави дека народот треба да се изјасни на референдум за враќање на монархистичкото уредување.
„Јас како социјалист сум определен за република, но тоа не ми смета да имам одлични односи со семејството Караѓорѓевиќ. Но, мислам дека за враќањето на монархистичката организација во Србија треба да одлучат граѓаните“, изјавил Дачиќ.

Српскиот патријарх вели дека на Србија и недостасува цар или крал и парламентарна монархија во која кралот би ги обединил народите.
„Црквата е бог на небото, додека кралот е на земјата. На Србија и недостига крал или цар, односно некој облик на парламентарна монархија, во која кралот би ги обединил луѓето“, вели Иринеј.
Престолонаследникот Александар Караѓорѓевиќ оцени дека уставната парламентарна монархија е добра за Србија затоа што ќе има неутрален владетел кој би обезбедил единство, континуитет, стабилност и би ги бранел уставот.

Политичарите: Доцна е за монархија

Советникот на српскиот претседател Оливер Антиќ на шега изјавил дека за Србија, Томислав Николиќ е вистонскиот крал и верува дека со приближување кон актуелната влада на Караѓорѓевиќ се поправа сликата на Србија во меѓународната заедница.
„Јас сум монархист, Томас е републиканец и засега одлично се согласуваме. Сега е таква ситуацијата да Томас Николиќ за Србија е крал“, вели тој.
Голем дел од пратениците сметаат дека во овој момент има голем број на проблеми и не е вистинско време да се одлучува дали треба да се биде република или монарија.
На анкетите кои што биле направени се покажало дека 68% од испитаниците се согласуваат Србија да биде монархија, додека 24,4 се согласуваат таа да биде република.

MK News

Автор инфо

One Response to “Ништо без крал – Србите сакаат да ја вратат монархијата (Видео/Фото)”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.