Нострадамус: Хрватска во ЕУ- почнува ли Трета Светска војна?


Nostradamus_by_Cesar

Кога на Европа ќе има 28 ѕвезди и кога државата со грб околу вратот ќе дојде, ќе падне како Јерихо- гласи цитатот, за кој никој пред 20 години не можел да претпостави што тој всушност значи. Денес на скорашниот влез на Хрватска во ЕУ, која ќе стане 28 членка на ЕУ, цитатот добива друга димензија, пишува српски Курир

Нуклеарна војна, масовно патење и на крајот уништување на светот- вака ќе изгледа светот со влезот на Хрватска во ЕУ, на први јули 2013 година, ако ги земаме во предвид визиите на Нострадамус.

Познато е од порано дека овој пророк, поради немилосрдната инквизиција да ги шифрира своите визии, но до нивната суштина и вистинско значење никој не можел да дојде, но тоа наводно му успеало на Д-р Михаел Ратфорд.

Како што тој тврди во неговата книга „Кодот на Нострадамус: Третата светска војна„, Хрватска во визијата на познатиот пророк Нострадамус за Третата светска војна игра клучна улога.

hrvatska eu 3Тој вели дека не треба да се разбере погрешно, дека Хрватска ќе биде таа која ќе предизвика трета светска војна, и дека таа ќе биде одговорна за крајот на светот, но по неговите зборови, треба да се запрашаме каква ќе биде улогата на оваа држава во следниот период.

Нострадамус е тој кој го најави доаѓањето на Адолф Хитлер, француската револуција, смртта на Хенри втори, лондонскиот пожар во 1066 година и многу други случувања. Еден од најславните пророци веќе со векови внесува немир со своите пророштва кои се мистериозни.

Токму поради тоа, многумина го нарекоа и лажливец.

Kurir/Nova Makedonija

Tags:

MK News

Автор инфо

One Response to “Нострадамус: Хрватска во ЕУ- почнува ли Трета Светска војна?”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.