Нова туристичка атракција – ,,Рајски парк,, ќе никне во Аеродром


Се планира во Скопје во населбата Аеродром да се гради Парк со кој Скопје ќе понуди нова туристичка атракција.

Верверички, пони коњчиња и желки се само дел од животните кои ќе го сочинуваат овој уникатен парк. Во него ќе има и мајмуни кои ќе бидат сместени во голем огромен кафез каде ќе можат да поминуваат посетителите и да се забавуваат со нив. Во високиот кафез покрај мајмуни ќе има и многу видови на птици, јавува Курир.

Паркот ќе е на површина од над 15 хектари, а според изворите на Курир оваа рајска градина ќе е меѓу петте најубави во светот.

Изградбата на паркот ја најавил Никола Груевски. Ќе се гради во повеќе фази и во него ќе има питоми животни. Исто така ќе има и патеки за џогирање, за пешачење, за ролерки, електрични колички, коњи со пајтони и слично. Во склоп на паркот ќе се најдат и ресторанти, детски катчиња со игралишта за најмладите и многу други содржини. Истиот ќе биде збогатен со вкупно 1500 срни и елени.

Вештачки езера и канали со проточна вода, фонтани и тениски терени дополнително ќе го разубавуваат паркот во Аеродром.

Курир ексклузивно дознава дека во градината слободно ќе шетаат животни од најубавите видови како срни, елени, мајмуни, фазани и пауни.

Tags:

MK News

Автор инфо

One Response to “Нова туристичка атракција – ,,Рајски парк,, ќе никне во Аеродром”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.