Жителите на населбата Бутел реагираат. Нова куќа која се гради во населбата од ден на ден се повеќе личи на џамија, фали само минаре, објави Телма.
На покривот никнале куполи, а жителите од македонска националност се убедени дека се гради џамија која сакаат да остане сокриена додека не е готова. Тие велат дека не се против верски објекти, но нагласуваат дека џамии тука има преку десет, а само една црква, изјавиле за Телма.
Од општината ќе реагирале, бидејќи објектот ги надминал проектираните димензии и изглед според дозволеното од општината.
One Response to “Новоградба на куќа во Бутел се повеќе личи на џамија”