Обештетување од 8 милијарди долари треба да му плати ,,Џонсон и Џонсон” на млад Американец


Судот во Пенсилванија пресуди американскиот фармацевтски џин да му плати на млад маж 8 милијарди долари обештетување , зашто од нивен производ почнале да му растат гради.

Николас Мареј (26) го тужел Џонсон и Џонсон и неговата подружница Џансен за зголемување на градите откако земал од нивните таблети Риспердал.

Компанијата соопшти дека штетата е „далеку од пропорционална“ со оглед на тоа што првостепениот суд му доделил на Мареј обештетување од 680.000 долари.

„Компанијата е убедена дека пресудата ќе падне“, велат во „Џонсон и Џонсон“, обвинувајќи го судот дека не дозволил одбраната да ги претстави клучните докази.

Компанијата се соочува со низа тужби во повеќе држави на САД за неправилно предупредување за несаканите ефекти на Риспердал, што им се препишува на пациенти со шизофренија и биполарно нарушување.

Лекот, кој беше одобрен од Управата за храна и лекови во 1983 година, заработи 737 милиони долари минатата година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1