Обвинет во Шпион бил директен потомок на Александар Македонски


Еден од сведоците, професор по професија и кум на поранешниот шеф на Собранието на Република Македонија, сега обвинетиот Марјан Маџовски, говореше за  продажбата на плочката која првообвинетиот Марјан Ефремов, според неговите зборови, имал план како да ја продадат за вртоглави милионски суми, пишува Академик.мк.

Spion-8-e1392710838956Денеска сведокот беше убеден дека плочката е безвредна, залудно се крстел и правел ритуали врз неа, и дека е измамен од страна на обвинетите. Театралното сведочење за начинот и планот за продажбата на плочката, ја исполни судницата со хумор. Уште по хумористично беше тврдењето на сведокот дека еден од обвинетите сметал дека има сина крв и е директен потомок на Александар Македонски, па од евентуалното злато кои би го нашле при откопување на наводна гробницата на Беласица, целото би припаднало на обвинетиот.

Според обвинението кое опфаќа 19 лица, обвинетите собирале документи и информации, а првообвинетиот поранешен разузнавач, Марјан Ефремов, како организатор на групата, соработувал со странски разузнавачки служби. Во обвинението е наведена како најголема соработката на првообвинетиот со унгарската, но и со руската, швајцарската и српската служба. Од она што се слушна, еден од обвинетите во Солун за 650 евра на грчки разузнавач му продал информации за односот на македонските медиуми околу спорот со името, состојбата во партиите, активностите на здружението на Македонците во Грција, „Виножито“.

Исто така обвинителството тврди дека обвинетите се обиделе да изнудат пари од бизнисмени, во спротивно им се заканувале дека ќе го нарушат нивниот углед во општеството. Меѓу обвинетите се и поранешниот полициски генерал Горан Стојков, поранешниот директор на Агенцијата против перење пари Ване Цветанов, шефот на кабинетот на претседателот на Собранието Марјан Маџовски. Против новинарот Зоран Божиновски постапката е во прекин и ќе продолжи по одлуката за неговата екстрадиција од Србија, пишува Република.

Тие се обвинети за за шпионажа, уцена, измама, послужување во службата, недозволено изработување, држење и тргување со оружје, изнуда, злоупотреба на државна службена или воена тајна, оддавање државна тајна и злосторничко здружување.

MK News

Автор инфо

One Response to “Обвинет во Шпион бил директен потомок на Александар Македонски”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.