Обвинителството истражува на кого партиите му плаќале за предизборно рекламирање


Предизборното рекламирање на политичките партии под лупа на обвинителството. Се сомнева дека политичките партии платиле рекламирање на интернет портали отворени непосредно пред изборниот процес а имале и мала посетеност. Од обвинителството велат дека се проверуваат портали кои немале наведено адреса, уредник но и ценовник за рекламирање.

„Во координација со обвинителството, Министерството за внатрешни работи спроведе акција при што е одземена документација од три фирми кои ги основале предметните портали, а ќе се прибираат и докази од други релевантни институции“, вели Обвинителот Вилма Рускоска.

Пред почетокот на изборниот процес, во Државната изборна комисија за платен политички маркетинг се пријавиа над 200 интернет портали.

За рекламите кои ги прикажуваа по барање на партиите, интернет страниците наплатиле над половина милион евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1