Од Скопје до 6 европски градови за 9 евра – еве каде


Нискобуџетната унгарска авиокомпанија „Виз Ер“ од недела почнува со летови од Скопје до шест европски дестинации, со субвенции од македонската Влада.

Првиот лет што ќе го реализира авиокомпанијата е на релацијата Скопје-Ајндховен. До таму ќе лета двапати неделно. По два лета во неделата ќе има и од Скопје до Милано, Малме, Минхен и Дортмунд, а три пати неделно до Базел.

Според најавите од „Виз Ер“, карта во еден правец со вклучени аеродромски такси ќе чини од 8,99 евра до 17,99 евра. За субвенционирање на „Виз Ер“, македонската Влада  одвојува 306 милиони денари.

Авиокомпанијата следната година планира да понуди и директни летови од Скопје до Брисел, Рим и до Барселона, но тоа ќе зависело од потребите на македонските патници.

Се очекува првата година да има најмалку 120.000 нови патници, односно по 10.000 месечно, најмалку 135.000 во втората година и 150.000 во третата година.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

2 Responses to “Од Скопје до 6 европски градови за 9 евра – еве каде”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.