Од среда полициски час од 23ч, кафулињата да работат до 22:30, предлага Кризниот штаб


Главниот координативен кризен штаб на денешната седница ги разгледуваше предлозите пристигнати од Министерството за здравство и врз основа на нив предлага на наредната седница на Владата да се усвои одлука за постојните мерки:

забраната и посебниот режим на движење да почнува од 23:00 часот до 05:00 часот наредниот ден;

време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) да биде до 22:30 часот:

Наведените предлог-мерки на Министерството за здравство ќе се разгледуваат на следната владина седница и доколку се усвојат, би биле со важност од 5 мај 2021 година (среда).

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1