Одложено мислењето на Венецијанската комисија за Законот за јазици


Иако најавено да се објави идната недела, мислењето на Венецијанската комисија за Законот за употребата на јазиците е одложено, без од таму да ја сооопштат причината за тоа.

Владата побарала од Венецијанската комисија да се одложи финалниот извештај кој беше планирано да се презентира месецов. Премиерот денес потврди дека драфт верзијата од Венецијанската комисија е доставена до Владата, но оцениле дека им е потребно дополнително време за да ги подготват нивните аргументи за законот.

,,Ние информиравме дека драфт верзијата е доставена до нас, ни треба време да ги видиме анализите, затоа што Венецијанската комисија своите ставови ги поткрепува со аргументации, европски правила и норми и европска пракса, но исто така го анализира нашиот систем што може капацитетно да носи. Така што мерењето на добивањето на правда наспроти правото на употреба на јазикот, ако го загрози она првото тогаш прашање е дали им треба на граѓаните.

Во драфт верзијата стои дека сегашниот текст на законот за албански јазик се наметнуваат нереални обврски за институциите, особено во судството. Иако, владата тврди дека сите забелешки ќе се спроведат, за измените на законот сепак е потребно двотретинско и бадинтерово мнозинство.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1