Охрид- Димитар убиен во близина на сопствениот дом


Црна новогодишна ноќ во Охрид. Срби на смрт претепаа 27 годишно момче. Димитар Матлиески од Охрид утрово е убиен во строгиот центар на градот, на само дваесеттина метри од градскиот плоштад, во близина на сопствениот дом, објави Канал 5.policija centar nokj

Причината за бруталното убиство е жестока вербална расправија, која настанала во кафулето Табана, помеѓу Димитар и туристи од Кралјево Србија. Поради турканиците обезбедувањето ги  отстранило од угостителскиот објект. Напуштајќи го кафе барот, Димитар бил повторно физички нападнат од Србинот,  кој пред угостителскиот објект му задал повеќе силни удари со раце и  нозе, претепувајки го на смрт.

Полицијата го пронајде насилникот, тој  е приведен заедно со уште  петмина српски државjани  кои се осомничени дека биле соучесници во тепачката.

–  Во моментов во СВР Охрид се водат истраажни дејствија кои што се поврзани со мерката препознавање од страна на сведоци кои што биле  очевидци на ноќешниот настан и физичкиот напад , вели Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

Од охридската полиција апелираат младите да избегнуваат конфликти и расправии, а за време на празниците  кога Охрид е преполн со туристи,  ќе има засилени полициски патроли.

– Посебно сакам да потенцирам дека СВР Охрид ќе преземе и дополнителни мерки за физичко присуство на полициски службеници околу угостителските објекти пред се во централното градско подрачје. Сакам да напоменам дека Охрид бил и останува безбеден град , додава Димоски.

Димитар лежел на плочникот. Смрзнат со слаб пулс и неконтактибилен го пронајде полицијата. Залудни беа обидите на лекарите да му помогнат,  по половина час во болница им подлегнал на повредите. Охриѓани денес видно потресени велат Димитар беше студент пред дипломирање, мирно и повлечено момче.  Овој настан денес охриѓани ги потсети на бруталното  убиство во 2010 година,  кога група  охриѓани на смрт претепаа српски турист.

MK News

Автор инфо

One Response to “Охрид- Димитар убиен во близина на сопствениот дом”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.