Охрид или Грција – патриот или банкрот?!?!


Со години се трудиме да направиме вистински туризам со поволни цени за сечиј џеб. Но некој очигледно сака да заработи преку ноќ.

На море или во Охрид – да се биде патриот и парите да се остават дома, или да се помине поевтино во Грција. Дилема на Македонскиот турист.

Разговаравме со туристи кои летувале и во Охрид и во Грција. Еве што тие велат за цените, услугата и третманот во овие две најчести дестинации за македонските туристи.

Скопјанката Елеонора.Т. вели била годинава во Охрид и веќе нема да и текне. Потрошила еден куп пари – а за ништо, вели. Само едно пиво за да се оладите на некоја од плажите во Охрид чини од 150 денари па се до 180 денари.

Ивана.М летувала во Грција – презадоволна е од услугата и вели знае дека некои туристи од Македонија имале проблеми, но не и нејзиното друштво. Еве што таа вели за цената на пивото.

,, Едно пиво чини 180 денари , а со тоа имате две лежалки и еден чадор за сонце, додека едно кафе Фрапе чини исто три евра 180 денари со кое добивате колачи и флаширана вода која не ја плаќате. Цената на една Кока Кола е 120 денари на плажа, со неа исто така добивате две лежалки и еден чадор за сонце. Не се разликуваат ниту цените во маркетите и во рестораните. Гиро може да се најде по цена од 2 евра-120 денари,  а најскапото е до 2, 50 евра а цената на едно суфлаки е 2 евра- 120 денари,,

Во маркетите цената на лебот се движи од 4о денари па се до 100 денари, додека цената на килограм праски изнесува 60 денари, што за приморско место е и доста ефтино Горе доле цените во Грција се идентични со оние кои ги плаќаме кај нас, а сепак платите на грците се далеку поголеми од оние нашите.

Ајде да видиме колку се движат цените пак доколку сме решиле да пројдеме еден одмор во Охрид.

Едно макијато со кисела вода која што не е флаширана туку во чаша чини 160 денари, а со тоа немате ниту лежалка ниту чадор за сонце.

“Решив годинава поради обврски да одам неколку дена  во Охрид. Сум била пред неколку години и мислев дека нешто се променило од тогаш. Но за жал ништо не е променето, цените до плафон, а услугата катастрофа. Можам да издвојам само неколку примери.

Една лежалка на плажа чинеше 150 денари и тоа беше најевтината, додека можеш да изнајмиш и лежалка со пијачка, но немаше  пијачка под 150 денари. Слушнав дека се наплаќал и влез за некоја плажа, а паркингот чинеше 50 денари еден час, а некаде и 60 денари час. Поради високите цени одев на плажа во Струга која исто така е прекрасна има убави плажи и пристојни цени, бидејќи Охриѓани очигледно формираат цени само за странци, а не и за нашиот џеб.

Многу малку можев да забележам туристи од земјава повеќето беа странци Еден ден дури и потрошив 1000 денари во Охрид, а не знам каде ми отидоа толку пари. И уште една споредба ќе направам, еден килограм пастрмка во Охрид чинеше 50 евра -3000 денари, а бидејќи еден ден решив да одам до Лин и Подградец, градчиња во Албанија, таму еден килограм пастрмка чинеше 10 евра- 600 денари”, изјави за МKD NEWS, 28 годишната скопјанка Елеонора Т.

Оние кој пак летуваа во Грција се задовлни – не било многу скапо, а сепак биле на море.

Ниту пак на граница немале проблеми дури и оние со новите регистраски таблички. Пред неколку месеци на граница им давале налепници кој требаше да ги залепат на нивната регистрација за да не се гледа ознаката МК. Но оние туристи со кои ние разговаравме велат дека чуле за тоа, но ним не им барале налепници.

Цените не се разликуваат многу и за сместување. Во Грција еден убав апартман за двајца без клима уред е 30 евра, со клима 35 евра, а има и апартмани за двајца по цена од  23, 25 евра, додека во Охрид цените за сместување се движат од 300 денари кој се многу одалечени од плажа па се до 600 денари –оние кој се поблиску до плажа и плус да се помолиме кога ќе дојдеме во соба да имаме топла вода за да се истушираме.

Жалосно е да се каже и да се става поголем акцент на туристичките места во другите земји, но граѓаните немаат пари за да се луксузираат бараат само место поволно и со пристојни цени за да се одморат од напорната работна година,  а охриѓани освен луксуз не нудат ништо друго.

Иако Охрид важи за еден од бисерите на туризмот кај нас сепак за нас е прилично скап и поради тоа луѓето одат во Албанија, Грција, Бугарија, а  годинава малку повисоки цени понудија Хрватите па дури и Црногорците но сепак имаше македонци кои ги посетија туристичките места и во овие земји.

Сепак во оваа приказна влегуваат и оние кои не се задоволни од Грција. Македонци чии коли беа ишкртани или пак доживеале непријатен третман на граница. Од друга страна и во Охрид има домаќини кои не аздисуваат со цените, но неможат да дојдат до израз од оние кои сакаат  за 2 месеци да заработат за цела година.

Tags: , , ,

Ирена Чачкова

Автор инфо

One Response to “Охрид или Грција – патриот или банкрот?!?!”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.