Американецот Џони Ли Бенкс Јуниор (56) од Алабама се одлучил да ја тужи болницата Принстон Во Бирмингем бидејќи тврди дека поради лекарска грешка тој останал без пенис.
Тој во болницата заминал поради рутинска интервенција, обрежување, а последиците со кои се здобил биле кобни за неговиот полов орган.
Бенкс тврди дека лекарите по грешка му го ампутирале целиот пенис. Според него, никој пред операцијата не го предупредил за последиците кои би можеле да се случат, но од друга страна хирурзите никогаш не му објасниле зошто дошло до такво нешто.
Половиот орган на Бенкс едноставно повеќе не постоел кога тој се разбудил од операцијата, а токму тоа е наведено и во тужбата во која Џони Ли и неговата сопруга ги тужат лекарите и болницата за невнимателност и несовесно извршување на работата и бараат неодреден износ за отштета.
Тужителот тврди дека тој никогаш не дал согласност за целосна или делумна ампутација на пенисот. Како резултат на оваа операција, тој тврдел дека претрпел непотребна болка и поминал повеќе време во болница додека да се опорави.
Од друга страна пак, од болницата му порачуваат на Бенкс дека тој нема апсолутно никаква основа за оваа тужба.