Откажани претседателските самити во Охрид и Струга


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ги откажа Самитот на шефови на држави и влади на земјите вклучени во Процесот за соработка во Југоисточна Европа и Форумот на Дијалогот меѓу цвилизациите што требаше да се одржат викендов во Охрид и Струга.

Иванов попладнево на прес-конференција во вилата „Водно“ изјави дека државниот интерес и достоинството на Македонија го обврзале да ја донесе одлуката и оти Република Македонија постапи целосно во согласност со основачките документи и правила, и како одговорен претседавач со ПСЈИЕ.

ivanov

– За жал старите балкански предрасуди и комплекси повторно заживеаја во пресрет на Самитот. Нема да дозволам преку грбот на Македонија да се прекршуваат старите балкански предрасуди и да се поткусуруваат интересите на балканските држави, а цената да ја плаќа Македонија, рече претседателот Ѓорге Иванов, посочувајќи оти предизвиците се решаваат со дијалог, а не со бојкот.

Шефот на државата истакна оти подготовките за Самитот траеле цела година.

Му посака успех на следниот претседавач со ПСЈИЕ и изрази надеж оти час поскоро ќе имаме еден поинаков Балкан, поевропски Балкан. Секако, укажа, потребно ни е партнерството на Европската унија.- Сакавме и направивме се да ги донесеме сите лидери од регионот на иста маса. Поставивме тема која е високо и на глобалната агенда, од која интерес ќе имаа нашите граѓани, нашите општества. Македонија не сака да биде набљудувач, уште помалку учесник во игрите со вето. Македонија не сака да биде набљудувач, уште помалку учесник во игрите со бојкоти, рече Иванов.

ivanov_file– И за Унијата ова е еден јасен сигнал кој ја отсликува реалноста во нашиот регион. Таа реалност очекувам да е мотив и предупредување за европските лидери правилно да ја разберат нашата регионална реалност, порача Иванов.

Одлуката за откажувањето на Самитот, како што нагласи, ја донел и за да не се манипулираат граѓаните на Република Македонија, како и граѓаните на сите држави од регионот. Конечно, посочи, дојде денот кога некој треба отворено да признае дека регионалната соработка е исправена пред сериозен, крупен предизвик.

Самитот на ПСЈИЕ и Форумот на Дијалогот меѓу цивилизациите требаше да се одржат претстојниот викенд во Охрид и Струга. Своето присуство вчера го откажа албанскиот претседател Бујар Нишани поради неучеството на Косово. На Самитот во Охрид со кој требаше да се заокружи македонското претседавање со ПСЈИЕ, покрај лидерите на земјите од регионот, требаше да учествува и еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

MK News

Автор инфо

One Response to “Откажани претседателските самити во Охрид и Струга”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.