Откриена причината за смртта на внуката на Кенеди која беше пронајдена мртва на 22 години


Саирс Кенеди Хил (22), внуката на поранешниот американски сенатор Роберт Ф. Кенеди, беше пронајдена мртва во август во семејната куќа во Кејп Код, а во петокот беше објавена нејзината посмртница во која како причина за смртта е наведено „случајно предозирање“, пишува Си-ен-ен.

Токсиколошкиот тест покажал дека Саирс користела метадон, етанол и повеќе видови лекови што се добиваат на рецепт.

Саирс беше пронајдена во бесвесна состојба на 1 август годинава, а само еден час подоцна во болницата беше прогласена за мртва.

Таа беше ќерка на Кортни Кенеди Хил, една од 11-те деца на починатиот претседателски кандидат како и внука на активистката за животна средина и човекови права Етел Кенеди.

Требало да дипломира годинава и да го заврши колеџот како многу успешен студент.

Во колумна Саирс зборувала за својата борба со проблемите поврзани со менталното здравје.
„Кога сте биле мали, дали сте имале пријатели со кои вашата мајка ве терала да се дружите без да сакате? Тие пријатели постојано се појавуваа и вие сте биле збунети. Тогаш, кога тие се присутни, вие се навикнувате на нив. Тие никогаш нема да си заминат и со време ви станува пријатно да сте со нив. До минатата година, ова беше ситуација со мене и со мојата ментална болест. Депресијата пушти корења уште додека бев во училиште и ќе биде со мене до крајот на животот. Иако бев среќно дете, чувтвував длабока тага која ми ги притискаше градите и рамената Кога почнав да студирам, притисокот стана поголем“, напишала таа.

Со нејзината смрт продолжи проклетството на фамилијата Кенеди во изминатитве 50 година кога загинаа барем десетмина членови.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1