Македонецот Јосиф Мирчески во Севилја работи како научник. Тој за светското првенство во ракомет сакајќи да биде добар домаќин направи и посебен веб сајт за да им помогне на македонските навивачи полесно да се снајдат во градот. www.osvoijasevilja.com
Но на крајот излезе дека и ја спасуваше македонската репрезентација која по 20 часа патување кога слетала во Севиља никој не ја чекал.
Јосиф и неговата сопруга Јулија ја раскажуваат емотивната приказна поврзана со доаѓањето на македонската Фаланга во Андалузија.
Извор – Супер спорт