Ова се седумте најдобри места за посета во Македонија


Малкумина знаат за најдобрите места за посета во Македонија, кои се безбедни и убави, освен ако не сте од таму, затоа решивме да ја составиме оваа листа, пишува во статијата на „Инсајдер манки“, финансиски веб сајт од САД, пренесува Охрид24.20130226-makedonija zname

-Со Македонија владееле Римјаните, Грците, Византијците и Османлиите, според тоа треба да очекувате многу различна култура. Земјата ја доби независноста во 1991 по мирен пат. Оттогаш земјата е во постојан раст и сега е важен туристички центар“, се вели во статијата.

Во делот за Охрид пишува дека голем дел од знаменитостите се наоѓаат во стариот дел од градот. Спомнати се Самуиловите тврдини, Плаошник и катедралната црква Св. Софија која е означена како најголема црква во Охрид, изградена во 11. век.

За главниот град на Македонија се наведува дека во последните неколку години значајно се трансформирал и сега туристите може да поминат цел ден во Скопје и пак да не успеат да ги видат сите знаменитости.

Според „Инсајдер манки“, останатите пет градови кои мора да се посетат се: Гостивар, Крушево, Битола, Берово и Кратово.

 

Tags:

MK News

Автор инфо

One Response to “Ова се седумте најдобри места за посета во Македонија”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.