Парите од „Рекет“ најдени, Катица Јанева нудела спогодба со Обвинителството?


Обвинителката Вилма Рускоска од обвинителството за организиран криминал и корупција вечерва за медиумите изјави дека еден од осомничените од првиот дел од истрагата за „Рекет” се понудил да се спогоди и да сведочи, но тоа не се случило, пренесува Фокус.

-Вештачењата кои беа направени последни донесоа важни докази. Имаше интерес кај некои од осмничените за спогодба, не се поднесе званично барање, но побараа спогодба. Ќе видиме што ќе биде. Еден осомничен побара спогодба за обвинението кое ќе биде поднесено утре, рече Русковска.

Катица Јанева нудела спогодба со Обвинителството Катица Јанева преку своите адвокати понудила спогодба во пресрет на подигнување на обвинението во истрагата Рекет, дознава Телма, но според изворите во истрагата, Обвинитеството ја одбило.

Таа истакна дека во завршената истрага е утврдено каде и за што биле употребени парите за кои е осомничен Бојан Јовановски. Освен Јовановски, во првата група на осомничени се Зоран Милески и екс шефицата на СЈО, Катица Јанева.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1