Пендаровски: Не е време за апатија


„За жал заклучоците на Советот на ЕУ не се во согласност со нашите оправдани очекувања. Разбирливо е дека во овие моменти постои чувство на разочараност но мораме да се соочиме со последиците“, рече претседателот Стево Пендаровски во своето обраќање во нацијата.

Тој истакна дека ниту една одлука не е конечна.

„Заедничка цел е да се осигураат позитивните промени што треба да се случат во процесот понатаму“, рече тој.

„Нашата држава има искрени пријатели и сојузници, ние во Европа немаме пријатели, но постојат држави кои ги штитат специфичните интереси“, рече Пендаровски во своето обраќање до нацијата.

„Реформите мора да продолжат, справување со организираниот криминал, европските стандарди мора да станат домашни стандарди“, рече претседателот Стево Пендаровски.

„Не е време за поделби и апатија, ниту пак за негативни чувства кон одредени земји, потребно е единство“, потенцираше Пендаровски.

На крај претседателот информираше дека сите лидери позитивно одговориле на поканата за средба во недела.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1