Пијан и дрогиран влегол во градинка и убил 6-годишно дете на спиење – открил зошто го сторил тоа


Маж до смрт избодел 6-годишно дете во градинка и ги шокирал сите со објаснувањето зошто го направил тоа.

Ужасниот инцидент се случил во Русија за време на  попладневниот одмор кога две деца спиеле. Мажот, кој руските вести го идентификувале како Денис Поздев влегол  во градинката во Нариан-Мару.

Обоезбедувањето во градинката „Скаска“ не го го запрело човекот додека влегувал во собата во која децата спиеле во доцните попладневни часови. Врескајќи „Ѓаволот ми нареди да го направам тоа“, Поздев нападнал дете кое спиело во кревет и го избодел со нож во врат.

Момчето починало неколку минути после нападот во прегратките на воспитувачката во градинката.

Обезбедувањето го задржало напаѓачот додека не стигнала полицијата. Подоцна жртвата беше идентификувана како Кирил Савенков, на возраст од 6 години. Бил во предшколската група.

Таткото на детето рекол дека градинката ја контактирала неговата сопруга да ѝ ја соопштат трагедијата.  За време на првото испитување Поздев рекол дека „гласови во главата“ го натерале да го изврши злосторството.

Во крва имал голем процент на дрога и алкохол, пренесуваат медиумите. Поздев немал никаква врска со детето и тврдел дека во градинката влегол случајно, затоа што „халуцинирал“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1