Писмо од родители на болно девојче кое за фондот не е итен случај, иако е на апарати


Драги пријатели,

Вчера бевме одбиени од фондот за здравство на РМ за добивање на образец е 111 кој што го бараме веќе една година за докажување на осигурувањето во периодот од 22.10.2011 до 18.11.2011. Тој образец е доказ за постоење на важечко осигурување во матичната земја и се бара директно од странство кога постои итна, животозагрозувачка ситуација по здравјето на осигуреникот.

dete fzo

Нина беше во таква ситуација при што беше интубирана и ставена на вештачко дишење веднаш по пристигање во болницата во Бохум на 22.10.2012, еден ден по нашето доаѓање во Германија. Беше пробана екстубација уште три пати, но мораа повторно да ја интубираат, како решение постоеше само трахеостомиа, односно хируршко отворање на трахеата (душникот) и ставање на трахеална канула кој го премостува патот за воздухот од надворешната средина до бифуркацијата на белите дробови, со што медицинскиот респиратор би се приклучил повторно на трахеостомата, и вештачкото дишење би било возможно без Нина да биде успиена и да има долго црево од носот до белите дробови преку кое треба да се доведува воздухот во белите дробови.

Нашиот престој траеше 50 дена на акутниот оддел на болницата, со што бевме интензивно третирани за целиот престој. Нина се уште има трахеостома за која се грижиме ние самите секојдневно, медицинскиот вентилатор беше на повеќе пати употребуван во 2012, особено во јануари по нашиот повторен престој од 30 дена во друга болница во Хаген каде што состојбата ни беше значително влошена поради апстиненцијален синдром како резултат на долготрајна употреба на опоидни медикаменти за време на престојот во болницата во Бохум. Од тогаш Нина се уште прима метадон како орална супституциона терапија поради зависноста која се створи за време на интензивното лекување во Бохум.

Ние имаме германско осигурување од 18.11.2011 а за времето од 21. 10. 2011 до 18.11.2011 бевме осигурани во Македонија, односно Нина преку Тања која беше се уште на трудничко осигурување до февруари 2012 и патничко осигурување кое во такви итни животозагрозувачки ситуации им покрива на пациентите интензивна нега до 15.000евра!

Патничкото осигурување се откажа од преземање на трошоците и покрај нивната обврска. За тоа ќе бидат соодветно правно гонети. Македонското осигурување има потпишано договор со Германија и со Европската Унија за меѓусебно преземање на трошоците за своите осигуреници при вакви ситуации кое што правило постои секаде во Европската Унија.

Ние сакаме да ја информираме јавноста во Македонија во врска со односот на матичната земја кон своите дечиња, особено тие на кои највеќе им е потребна помош. Доколку фондот мисли дека нашата ситуација не била доволно итна или животозагрозувачка, ги молам медиумите и пишаните весници да неисконтактираат со што би можеле да го објасниме подетално хоророт кој ни се случуваше и се уште ни се случува и да ги изнесеме аргументите за нашето право за добивање на тој формулар и право на здравствена заштита, при што мислам дека секој би се замислил дали би донел таква одлука доколку тоа би се случило на некој од нив!

Ве молам првично споделете го овој текст, се надевам дека во наредниот период ке можеме да допреме до срцата на тие луѓе кои избрале хумана професија и на кои правото и вистината треба да им бидат нивните водилки за донесување на одлуки!

Искрено, Блашко и Тања Миленковска Димковски

Foto – Utrinski vesnik

MK News

Автор инфо

One Response to “Писмо од родители на болно девојче кое за фондот не е итен случај, иако е на апарати”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.