По 200 евра во кафеана секој ден -потрошил екс градоначалникот на Охрид


Поранешниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески трошел огромни пари од граѓаните на Охрид за свои лични потреби или задоволување на потребите на своите блиски пријатели  и соработници, објавува Курир. Според информациите до кои стигнал порталот, Петрески потрошил 4,5 милиони денари за ресторански услуги само во 2012 година. Тој направил цех од 700.000 денари во два ресторана во Охрид, а според Курир, сопствениците на овие ресторани се блиски луѓе на екс градоначалникот.

Кога ќе се направи математиката, излегува дека за една година, Петрески по кафеани потрошил 70.000 евра или по околу 200 евра дневно.

aleksandar-petreski-Интересен е податокот дека фактурираните суми се веднаш исплатени во целост од страна на општинската каса. Инаку, Општина Охрид располага и со сопствена менза, но тоа не го спречило Петрески да организира ручеци низ охридските ресторани, иако немало потреба за тоа, пишува Курир.

Порталот дошол и до податок дека само во 2012 година на име трошоци за мобилна телефонија, општината платила близу два ипол милиони денари за повеќе од 90 службени мобилни телефони, кои ги користеле лица во општината без никаков правилник за користење на службени мобилни телефони. На име на Петрески се воделе шест телефонски броеви.

-Општина Охрид е убедливо најзадолжената општина во Република Македонија. Нејзиниот долг, заедно со обврските на јавните претпријатија се проценува на неверојатни педесетина милиони евра. Во земјава, а веројатно и пошироко, не постои друга локална самоуправа која има ваков обем на долгување, а штетите од прекумерното и неразумно задолжување трошење на Петрески ќе бидат долгогодишни, пишува Курир.

Курир

MK News

Автор инфо

2 Responses to “По 200 евра во кафеана секој ден -потрошил екс градоначалникот на Охрид”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.