По 5.000 денари за секое новородено бебе во Центар


Општина Центар и оваа година на секое новородено дете, чии родители се со постојано живеалиште во општината, ќе доделува еднократен паричен надомест во висина од 5.000 денари.

Досега има 167 барања, од кои 75 се женски новороденчиња, а 92 од машки пол.

-Со оваа акција, општина Центар своето внимание го насочува не само кон родителите, туку и кон најмладите жители на Општината, укажувајќи на нивната важност како идни граѓани кои ќе придонесуваат за развојот на заедницата, велат од општина Центар и нагласуваат дека еднократниот паричен надомест ќе биде исплатен за сите новородени деца до 31 декември 2012 година.

MK News

Автор инфо

One Response to “По 5.000 денари за секое новородено бебе во Центар”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.