ПО 6 ГОДИНИ СУДЕЊЕ КОНЕЧНО ПРАВДА ЗА Дедо Љубе – ослободителна пресуда


Седумдесет и деветгодишниот Љубомир Митев, попознат како дедо Љубе, е ослободен од обвинението за убиство и ранување на напаѓачите во неговиот дом во кратовското село Којково пред 6 години, а доби две години услова казна да не го повтори делото за 4 години, за нелегално поседување оружјe.

Пресудата ја донесе Кумановскиот суд, а неговиот адвокат ја потврди информацијата, објави Куманово њус.

– Задоволен сум од пресудата и истата нема да ја обжалиме. Ова е голема победа во име на правдата по 6 годишна правна битка, изјави адвокатот Христијан Георгиевски.

Разбојништвото се случи на 27 февруари 2013 година во нивната куќа во планинското село Којково, кога двајцата натрапници Зоран Златков (28) и Борчо Иванов (30), насилно влегле во нивниот дом и го нападнале. На дедо Љубе додека го тепале му ставиле најлон во уста, а потоа го врзале со јаже за столче, додека неподвижната сопруга ја покриле со ќебе и ја малтретирале. Кога отишле во другата соба да ги бараат парите, тој го искористил нивното невнимание и се одврзал. Набргу од подрумот ја зел ловечката пушка од која пукал, при што е убиен Златков, а ранет Иванов, кој преживеа и подоцна е осуден на 8 години затвор.

Судењето на Љубе се развлече, бидејќи во април 2015 по барање на неговите адвокати, поради одредени пропусти обвинението беше укинато и предметот се врати во истражна постапка. Тој беше обвинет за три кривични дела: убиство во миг, убиство во обид и недозволено поседување на оружје.

ОЈО Куманово го повлече обвинението за кривично дело „убиство во миг“, па во Основниот суд Куманово му се судеше за кривичните дела обид за убиство и недозволено држење на оружје.

Јавноста во текот на целото судење бараше ослободителна пресуда за дедо Љубе, бидејќи насилниците го нападнале во неговиот дом, па тој пукал во самоодбрана за да се спаси.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1