По пожарот во станот во Кисела Вода, станарите се уште немаат пристап до своите домови, увидот е во тек


Утрово треба да започне увидот во станот кој вчера беше пеплосан во пожар, дознава „Курир„

Вчера во текот на денот целиот влез беше испразнет, а на станарите не им беше дозволено да се вратат дома за да преноќат.

Полицијата го обезбедуваше влезот во текот на ноќта од кражби, а истиот влез и соседниот вчера и денеска се без електрична енергија, а во моментов по увидот треба да изврши увид и екипа на ЕВН.

Граѓаните кои се затекнале на местото утринава, за КУРИР велат дека денеска се вратиле пред зградата во обид да дознаат кога ќе може да се вратат дома и да имаат пристап до своите живеалишта за да видат дали и во нивните станови има евентуална штета.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1