Почеток на крајот: Пред точно 25 години со овој настан започна распадот на Југославија


Словенечките делегати на последниот конгрес на Сојузот на комунисти на Југославија, во Љубљана ја обележаа 25-годишнината од напуштањето на тој конгрес, што го означи почетокот на пропаста на комунизмот и распадот на поранешна Југославија.

„Со програмата ’Европа сега’, го трасиравме патот во европската интеграција и на него ги поканивме сите републики од поранешна Југославија“, рекол на синоќешниот собир во Љубљана поранешниот претседател на Сојузот на комунисти на Словенија, Кирил Рибичиќ.

raspad jugoslavije 3

Рибичиќ истакнал дека денес „не е тешко да се објасни колку е голема грешка аплаузот при нашето заминување од конгресот, а да не зборуваме за стотиците илјади мртви и милион насилно раселените“, пренесува српски Блиц.

Делегацијата СК Словенија го напуштила 14. Конгрес на СКЈ на 22 јануари 1990 година, затоа што бил одбиен нивниот предлог дека заклучоци не може да се донесуваат со прегласување.

Покрај Рибичиќ, во делегацијата биле и Милан Кучан, кој после осамостојувањето на Словенија два пати беше избран за претседател, а како најмлад член, и сегашниот претседател на Словенија, Борут Пахор.

Кучан на обележувањето од годишнината на напуштањето на Конгресот на СКЈ, се присетил на притисоците на словенечките комунисти од страна на комунистите од Србија, кои ги предводел Слободан Милошевиќ, но и партиската организација на тогашната ЈНА.raspad jugoslavija 2

„Притисоците беа толку силни, што одговорив дека словенечките комунисти се одговорни за словенечкиот народ и словенечката работна класа, дека најпрво сме Словенци, а потоа Југословени“, кажал Кучан, додавајќи дека тогаш се покажало дека зајакнувањето на демократската тенденција во тогашната Југославија не било возможно.

„До крајот на животот ќе жалам што на таков начин ја изгубивме Југославија“

Последиците од заминувањето беа распадот на поранешната држава, рекол Кучан, додавајќи дека со заминувањето на словенечките делегати од партискиот конгрес се распаднале сите интеграциски врски на Федерацијата.

„Сите кои беа во Сојузот на комунисти на Словенија можат да бидат горди на својата работа, затоа што секогаш делуваа во интерес на словенечкиот народ“, смета Кучан.raspad jugoslavija4

„Плачев и ден денес ми е тешко затоа што СКЈ не успеа да се преобрази во силна лева социјалдемократска партија“, рекла Соња Локар и додала дека плачела и поради тоа што почувствувала дека нејзините „поранешни партиски другари ќе го вовлечат целиот Балкан во братоубиствена војна“.

Телевизискиот кадар во кој Соња Локар плаче додека ја напушта големата сала на центарот Сава, е еден од најзапомнетите случувања, како и целата југословенска драма.

„До крајот на животот ќе жалам што на таков начин ја изгубивме Југославија“, рекла Локар.

Tocka.com.mk

MK News

Автор инфо

One Response to “Почеток на крајот: Пред точно 25 години со овој настан започна распадот на Југославија”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.