Почна хајка: Oд терористи, борци за слобода – Протест за ослободување на уапсените во Куманово


Денес, со почеток во 12 пред Владата во Косово, ќе се одржи протест за ослободување на затворените по акцијата во Куманово.

Овој протест е организиран од страна на семејствата на притворените и убиен во Куманово пишува во јавниот повик до сите граѓани на Косово. Барањата се косовските институции што побрзо да преземат конкретни дејства за заштита на уапсените граѓани.largea_ftoh19051432059631

Протестот, како што наведуваат приштинските медиуми, е бидејќи дека во Kуманово се водела борба за правда и достоинство на Албанците.

– Итно бараме косовската влада да преземе конкретни дејства во идентификување и донесување на телата на загинатите за слобода и правда на Албанците во Македонија – наведуваат демонстрантите, кои додаваат дека протестираат во знак на револт кон институциите, кои повеќе од една недела се индиферентни кон своите граѓани, кои, како што наведуваат, се малтретирани во Македонија.largea_shutka1432069818

Организацијата на ветерани на војната на Ослободителната војска на Косово, го поддржа протестот организиран од страна на семејството на поранешните борци на ОВК, кој учествувале во борбите во Куманово.

Овој протест е организиран, бидејќи семејството на борци, кои беа објавени имињата на листата на загинатите немаат официјални информации, како и малтретирање на оние борци кои се во македонските затвори.

Скендер Красниќи, кој има син во затвор во Скопје, Мухамет Красниќи, познат како командант Малишева, бара државна помош. Затворениците се држеле во нехумани услови, вели Скендер Красниќи за јавната телевизија.

Куманово ги залади односите меѓу Косово и Македонија. Приштинските власти испратија протестна нота до македонските власти за недостатокот на информации за вклученоста на косовските граѓани во инцидентот, во кои загинаа 22 жртви, пишува Oranews

Дека започна хајката од терористи да се прогласат за борци за слобода говори и фактот дека стотици Албанци викендов во Швајцарија протестираа за солидарност со Kуманово и преку писмо побараа од генералниот секретар на ОН, Бан Kи-мун, преземање итни мерки за запирање на, како што велат, насилството што македонските сили го вршат над албанското население, пренесе косовскиот портал „Телеграфи“.

MK News

Автор инфо

2 Responses to “Почна хајка: Oд терористи, борци за слобода – Протест за ослободување на уапсените во Куманово”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.