Почна средбата кај претседателот Џафери за потврда на изборите на 12 април


И натаму е неизвесно дали на 12 април ќе има избори

По синоќешните тензии, утрово координаторите на пратеничките групи се на состанок кај претседателот на Собранието. Талат Џафери ги повика за, како што рече, да се потврди желбата на сите партии за одржување на изборите на 12 април.

Од СДСМ преку генералниот секретар Љупчо Николовски, изјавија дека доколку не се донесат законите, ќе се оди на ново мнозинство и редовни избори.

Затоа Талат Џафери вчера побара лидерска средба за да се потврди дека на 12 април ќе има избори. Средбата почна, а на неа се претседателот на Собранието и координаторите на пратеничките групи.

Спасовски, пак, денеска рече дека се надева на компромис со ДУИ околу законите, додека министерот за образование Арбр Адеми истакна дека партијата ќе испрати соопштение околу изјавата на Николовски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1