Почнува судењето за убиството кое го згрози Балканот – за смртта на пејачка Јелена – обвинет сопругот


Зоран Марјановиќ кој е обвинет дека на 2 април 2016 година во Борча, ја убил сопругата Јелена, се појави денес во судот каде треба да ја изнесе својата одбрана.

Во зградата тој се појави во присуство на својот адвокат, облечен во црн костим и темни очила.

Во истрагата за убиството на пејачката Јелена беа ангажирана околу 200 инпектори, меѓутоа главното оружје со кое и се нанесени смртните удари во главата, никогаш не е пронајдено.

Нејзиниот сопруг, за кого од самиот почеток на истрагата имаше сомневања дека е сторител на делото, негираше дека ја убил сопругата со која има ќерка. Неговата одбрана и дел од експертите често коментираа дека за случајот нема доволно докази, убиството е добро смислено и извршено, а голем дел од трагите се прикриени, како и дека убиецот имал соучесници односно помагачи.

Дел од медиумите пишуваа и дека зад целата мистерија за убиството на српската пејачка стојат лица од политиката и подземјето во Србија. Обвинет е само нејзиниот сопруг.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1