Поднесено обвинение за „Меѓународен сојуз“, меѓу обвинетите и пратеничката Ременски


Боки 13 е првобвинет и во случајот Меѓународен сојуз – се товари дека Како претседател на невладината ги измамил бизнисмени – Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски од кои зел околу 1 милион евра, а потоа парите ги испрал.

-Тој лажно прикажувал дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилен сервис, како и субвенции од страна на државата и оштетените вака доведени во заблуда на штета на својот имот му исплатиле преку Македонска авторска агенција износи кои надминуваат значителна вредност и тоа 719.905 евра, односно 233.821 евра во денарска противвредност. – соопшти обвинителството.

Во измамата му помогнале тројца – заменик претседателка на Меѓународниот Сојуз Јасна Мандиќ, и асистентката на Боки, Христина Блажевска, ги изготвувале договорите, ги подигале уплатените пари и му ги давале на рака на првообвинетиот, а третата што му помагала во измамата била пратеничката Фросина Ременски, почесена претседателка на сојузот..

-Третообвинетата со својот углед и авторитет го поддржувала првообвинетиот на средбите со оштетените, давајќи му совети и упатства за да оштетените стекнат доверба во наводниот проект и однапред да уплатат одреден износ пари и да ги потпишат договорите. – соопшти обвниетелството.

Ременски обвинението го дочека во собраниските клупи… Кога беше на распит пред обвинителката Вилма Русковска тврдеше дека докази против неа нема.

Миле Јовановски, татко му на Боки 13 е петообвинет за помагање при перење пари, а освен тоа е обвнинет и за неовластено поседување три полуавтоматски пиштоли и муниција. Според обвинението откако ги земал парите од Боки 13 ги уплаќал на својата девизна сметка. Дел уплаќал на сметка на Меѓународниот Сојуз како поврат на позајмица а дел подигал во кеш.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција бараат само продолжување на притворот на Мандиќ на која мерката и е определена пред три месеци.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1