Поглаварот на МПЦ на суд – ја кршел христијанската етика – го тужи Српската православна црква


Светиот архиерејски суд на Српската православна црква одлучил да покрене црковно-судски спор против владиката Стефан, поглавар на Македонската православна црква, дознава Плусинфо од црковен извор.

– Причината за овој потег е однесувањето на владиката Стефан во овие 12 години, кое се коси со христијанската етика – вели информацијата на порталот.

gg stefanПопладнево или во текот на утрешниот ден, САС на СПЦ и официјално ќе ја соопшти одлуката и причините за неа. Крајниот исход на таа постапка може да биде расчинување на Стефан, односно тој да не може да биде епископ, а таа одлука ќе ја почитуваат сите признати православни цркви.

Дали постапката би значела дека СПЦ го признава владиката Стефан? Зошто би се судел поглаварот на црква што не е признаена?

– Владиката Стефан и сега е во незавидна ситуација, по своја вина. Но, смислата на ова судење е да се нагласи фактот дека тој со години врши прогон на црковни лица и се однесува на начин спротивен на христијанската етика. После една таква осуда, тој ќе изгуби секакво значење и влијание во православниот свет – објаснува нашиот извор.

Tags:

MK News

Автор инфо

One Response to “Поглаварот на МПЦ на суд – ја кршел христијанската етика – го тужи Српската православна црква”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.