Полиција пред седиштето на „Беса транс“ во Скопје, граѓани чекаат информации за несреќата


Затворени се денеска вратите на агенцијата Беса Транс која го организирала патувањето во Турција по кое враќајќи се во земјава, на магистралата Струма во Бугарија автобус се запали и загинаа 46 лица.

Членови на семејствата на патниците и роднини останаа без одговори – дали нивните најблиски се меѓу загинатите или преживеаните. Потресени и револтирани, со часови се обидувале да стапат во контакт со Беса Транс, на телефон никој не им кренал а пред просториите на агенцијата разочарувањео им било уште поголемо.

Беким Алити и неговиот брат не слушнале ништо за нивните сопруги кои во четвртокот заминале кон Истанбул а ноќеска требало да пристигнат дома. Последен пат заборувале со нив синоќа пред тргнат назад.

Шокот и неизвесноста започнале од рано утринава кога од медиумите разбрале за трагедијата. Оттогаш се во потрага по одговори. Џелал Бакиу со часови сакал да дознае за неговиот братучед Енес Бакиу.

За среќа Џелал успеал да исконтактира со неговиот братучед кој патувал со еден од другите автобуси.

Канцеларијата на Беса Транс во Скопје од утринава ја обезбедува полицијата. Имала важечка лиценца до 8 август следната година. Компанијата, како што јавија бугарските медиуми, имала седиште во Ќустендил, а канцеларии има во Скопје и во други градови низ државата. На адресата на фирмата во Ќустендил регистрирани се уште 23 фирми.

Од Министерството за транспорт и врски велат дека:

Превозникот ги исполнил условите предвидени во Законот и му е издадена лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници. Со барањето за добивање на лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници, превозникот ги исполнил условите за добивање на лиценца со важност од 2018 до 08.08.2022 година. Од тој момент превозникот се нема обратено до Министерството за транспорт и врски, со поднесено барање за добивање на извод од лиценца за ново набавено возило.

Инаку Беса транс, најчесто вози туристички тури на релација Истанбул – Софија – Скопје. Според она што може да се најде како информација од фејсбук страницата на агенцијата, се поаѓа во четврток а враќањата се во понеделник.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1