Поради Грција избришано уставното име на Македонија на конференција во Белград


На регионалната конференција на министрите за правда и внатрешни работи од ЈИЕ посветена на борбата против организираниот криминал и корупцијата во регионот, под влијание на Грција било избришано уставното име на Република Македонија, објави МИА.
zname makГрција извојува мала дипломатска победа во Белград, пишуваат денеска грчките медиум.
Имено, грчкиот заменик-министер за правда Костас Карагунис побарал од организаторите на конференцијата да го избришат уставното име на Република Македонија од материјалите и натписите на конференцијата и да напишат „ФИРОМ“.
Организаторите на конференцијата, српските министерства за внатрешни работи и за правда го исполниле барањето на грчкиот функционер и секаде каде што Македонија била заведена под уставно име, ја напишале референцата ФИРОМ.
Грчките медиуми коментираат дека вакви информации треба да се објавуваат токму со цел „такви грешки да не се повторат во Србија“.
MK News

Автор инфо

One Response to “Поради Грција избришано уставното име на Македонија на конференција во Белград”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.