Пошта ја одбра Халк Банка, ќе го преземе бизнисот на Еуростандард


Халк банка ќе го преземе милионскиот бизнис на пропаднатата Еуростандард.

Се чека Владата да даде согласност и да се официјализира изборот на Македонска Пошта со најповолната понуда, според нивните критериуми.

Халк банка ќе има рок од 2 месеци да го прилагоди постојниот систем за вршење на платниот промет во земјава и странство. Ќе наследи над 300 шалтери низ земјава, граѓаните повторно ќе може да плаќаат сметки за комуналии и струја со пониска провизија отколку во банка. Веќе се подготвуваат поволни пакети за да ги вратат 50-те илјади пензионери и уште30 илјади корисници на социјална помош, кои по пропаѓањето на Еуростандард, мораа да одберат друга банка каде ќе им се исплаќаат парите. Се надеваат на повозрасните од руралните средини, кои беа навикнати поштарот да им ја носи пензијата на врата. Сега тие а би ги добиле истите привилегии и од нив.

Инаку Еуростандард со Пошта имаа случено договор на 15 години. За вршење на услугите Пошта од банката добиваше надомест. За половина година 1,8 милиони евра, или 20% од вкупно остварените приходи на Пошта. На колку години ќе се склучи новиот договор, ќе се знае наредната недела, кога Владата треба да ги допрецизира условите.

Инаку со години Пошта тоне во загуби, затоа државата се одлучи да ја продаде. Во моментот се уште се подготвува физибилити студијата, која треба да биде готова до крајот на годината. Премиерот Заев веќе најави дека заинтересирани за нејзино купување се фирми од Австрија., Словенија, Романија и Чешка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1