“Стоев сам на теренот. Тогаш, пред да сфатам што се случува, се најдов под земја“, рекол Михал.
Него од дупката длабока 5, 5 метри го извлекле пријателите и менаџерот на голф теренот. Го извлекувале околу 1 час а поради тоа што бил повреден еден од пријателите морал да се симне во дупката за да му го врже јажето околу половината како би можеле да го извлечат.
При падот, тој го скршил рамото, но веднаш помислил на трагедијата на Буш, чие тело никогаш не беше пронајдено.
“Тоа секако ми помина низ глава кога бев доле. Изгледаше како се’ да се руши. Не ми беше воопшти пријатно, посебно што имав чувство дека земјата уште ќе се руши“, рекол Михал.
Тој неколку пати играл голф на тој терен во последните 10 години и никогаш немало слични инциденти.
Според надлежните почвата таму е подложна на пропаѓање, но досега не се случило да има повредени. Голферот се нашол на погрешно место во погрешно време.