Позитивен случај на Ковид во градинка во Центар


Скопската градинка Раде Јовчевски Корчагин е втората детска установа каде има потврден случај на Ковид 19 кај вработено лице и тоа во периодот кога градинките по 6 месечна пауза ги отворија вратите за згрижување на деца.

За разлика од битолскиот случај, овде нема во изолација деца бидејќи вработената која е позитивна на 9 ти не се појавила на работното место. Последен пат на работа била на седми и според информациите што ги имаме од локалната власт, во домашна изолација се само неколку вработени кои тој ден биле во контакт со заразената.

Инаку, таа не е директно поврзана со прифаќање на деца бидејќи не работи ниту како воспитувачка ниту како негувателка. Од Министерството за труд и социјална политика, пак, со официјално соопштение велат дека согласно препораката на епидемиолозите, доколку до утре не се пријават вработени со симптоми, објектот може да продолжи да работи нормално од понеделник.

Од градинката ги информирале дека до денес немаат пријавено друг вработен од истиот објект со симптоми на вирусот, а градинката ја дезинфецираат неколку пати дневно согласно препораките.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1