Познат е човекот кој e одговорен за ширење на коронавирусот низ Европа


Британецот, кој е осомничен од здравствените служби за главен проширувач на коронавирусот низ Европа , е бизнисменот Стив Волш (53).

На 6 февруари, тој бил позитивно тестиран на коронавирус , откако претходно бил на деловна конференција во Сингапур. Пред да се врати во Велика Британија, тој отишол на скијање на француските Алпи неколку дена.

Се смета дека со коронавирус заразил уште 11 Британци, пренесува Скај њуз.

„Би сакал да и се заблагодарам на Националната здравствена служба за помошта и грижата. Иако сум целосно закрепнат, загрижен сум за другите кои заболеле од овој вирус“, рече Волш, кој сè уште е во карантин во болницата „Сент Томас“.

“Штом дознав дека сум бил изложен на лице заразено од коронавирус, контактирав со мојот лекар и други надлежни здравствени служби. Потоа, бев изолиран дома според нивните упатства”, додаде тој.

“Кога ќе се потврди мојата инфекција, ме испратија во изолационата единица во болницата, каде останувам и натаму како мерка на претпазливост. Членовите на моето семејство се исто така во карантин. Им благодарам на моите пријатели, семејството и колегите за поддршката што ми ја дадоа последниве недели и би сакале медиумите да ја почитуваат нашата приватност “, рече Стив Волш.

За време на епидемијата САРС во Пекинг, епидемиолозите ги дефинираа како заразни лица оние кои заразија повеќе од осум лица. Во оваа епидемија се пријавени неколку супер проширувачи.

Еден од нив беше доктор кој и покрај симптомите на САРС, отпатува за Хонг Конг за да присуствува на семејна свадба. Инфицирал 16 лица таму. Другиот бил 54-годишник кој инфицирал 33 лица во болницата.

Во кинеската провинција Хубеи, денес се регистрирани 103 нови смртни случаи, како и 2097 луѓе заболени од вирусот, додека повеќе од илјада луѓе починале во цела Кина како резултат на оваа болест.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1