Познат идендитетот на девојката што почина во сообраќајката на патот Струмица-Радовиш


Едно лице загина, а едно е повредено во сообраќајна несреќа, што се случи околу 4:20 часот на патот Струмица-Радовиш, кај крстосницата за селото Радичево, информираше Вернер Стоилов од Територијалната противпожарна единица на Струмица.

Сообраќајната несреќа се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолсваген шаран’’ со бугарски национални ознаки управувано од 31-годишниот Ф.Д. од Струмица и товарно моторно возило „даф’’ со радовишки регистарски ознаки управувано од 44-годишниот С.Т. од Радовиш, пишува порталот Струмицаденес.

Во незгодата на местото на настанот починала сопатничката во патничкото моторно возило, 19-годишната С.Т. од Струмица , а возачот Ф.Д се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Коплекс клиники „Мајка Тереза’’ за укажување на лекарска помош.За настанот е известен јавен обвинител, a увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1