Познат идентитетот на убиеното момче во Ново Лисиче – бил кошаркар на МЗТ


Седумнаесет годишен кошаркар на МЗТ Скопје, Никола Христовски, кој играл за кадетите и јуниорите на „штрковите“ е тинејџерот кој синоќа смртно настрада во тепачка во скопската населба Аеродром, откако бил избоден со нож од една година постар тинејџер, пренесува Спорт 1.

Како што информира МВР, напаѓачот е пронајден и приведен во полициска станица.

Од полицијата информираат дека 35 минути по полноќ во СВР било пријавено дека на ул.„Февруарски поход“ во скопската населба Лисиче имало расправија меѓу неколку лица со А.Т (18), кој бил во друштво со К.Д (17), која продолжила и со физичка пресметка.

– Во еден момент А.Т. извадил нож и му нанел повреди на Н.Х.(17), кој со визоло на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, каде што починал, појаснија од МВР.

Полицијата го пронашла и привела А.Т. и работи на расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1