Предлог на Комисија за заразни болести – До трето одделение во училиште, останатите он лајн!


Настава со физичко присуство за учениците до трето одделение, останатите ќе учат од дома. Ова, според инфорамциите на Сител е предлогот на Комисијата за заразни болести кој произлегол од утринскиот состанок.

Дали ќе биде прифатен во целост или ќе има измени треба да одлучи Владата на седница. Но пред тоа, во моментот се уште заседава Кризниот штаб каде расправаат за предлог мерката.

Министрите за образование и за здравство имаа спротиставени ставови околу почетокот на учебната година – Адеми лично смета дека треба физичко присуство бидејќи ништо не може да го замени традиционалниот начин на образование. Филипче, пак, е за он лајн настава бидејќи вели дека е ризик присуството на децата во училишните клупи имајќи в предвид дека не се знае каква есен не очекува.

Со денешниот предлог најверојатно учебната година нема да почне на 1-ви септември бидејќи се неопходни законски измени а нема Собрание.

Sitel.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1