Претераа: Направен вирус на грип кој може да ја убие пола планета


Во една лабораторија во светот веќе е создаден вирус со потенцијал да ја збрише половина од светската популација. Голем број на академици и био-терористички експерти, се расправаат за тоа дали треба да се објави рецептот за тоа како е настанат ваквиот вирус, или пак е потребно најпрвин да се направи истражување.
RotavirusВирусот Х5H1 (птичјиот грип) е генетски изменет, со цел да стане уште позаразен, а е креиран од страна на Рон Фоучиер од Ерасмус Медицинскиот Центар во Ротердам, Холандија. Тој го претстави своето дело на јавноста на конференција во Малта во септември минатата година.
Фоучиер изјави дека ваквиот вирус циркулира само кај животните, особено птиците, но ретко може да влијае на луѓето.
По десет години период, откако птичјиот грип за прв пат се појави во Азија, биле пријавени околу 600 случаеви на заболување. Вирусот Х5Н1 стана премногу опасен, при што загинаа речиси половина од пациентите кај кои бил дијагностициран истиот. Она што го спречува да стане глобална закана за здравјето по човекот, е тоа што истиот не се пренесува од човек на човек, или барем не се пренесувал досега.

H1N1-virusИстражувачите во тимот на Фоучиер, истиот го тестирале на животни кои покажувале симптоми кои биле најблиски на оние на човекот, и го пренесувале вирусот X5H1 од еден во друг со цел истиот да се прилагоди повеќе на домаќинот. По 10 генерации, вирусот мутирал и истиот може да се пренесе преку воздухот, односно може да се разболеме ако сме во близина на други болни животни.

Генетската студија покажала дена новиот, опасен вирус, имал само пет мутации, во споредба со оригиналот и сите од нив претходно биле забележани во природна средина – само не сите одеднаш.
Вирусот создаден од Фоучиер е заразлив како човечки сезонски грип, кој секоја година убива по десетици илјади луѓе, но истиот може да предизвика далеку поголема бројка на мртви ако биде ослободен.
„Не можам да се сетам на друг патоген организам кој е толку страшен како овој“, изјавил Пол Кеим, микробиолошки генетичар кој има работено на антраксот повеќе години.
„Сметам дека антраксот воошто не е страшен во споредба со ова“, дополнил Пол.

virus labaratorijaВирологот Јошихиро Каваока кој предводел слични вакви истражувања во соработка со Универзитетот во Висконсин, Медисон и Универзитетот во Токио, стигнал до слични резултати.
Голем број на научници и експерти се претпазливи во однос на биосигурноста и ослободувањето на информации кои би можеле да му обезбедат на секој биотерорист, можност, да бараат од светот откуп, за истиот да не биде пуштен во воздухот.

Некои велат дека ваквата работа не требало да се создаде воопшто и повикуваат на меѓународен мониторинг на истражување за потенцијалните штети кои што може овој вирус да ги направи.
„Ова претставува само лоша идеја и ништо повеќе.

Да претвориш смртоносен вирус во уште посмртоносен и високо заразлив е првата грешка, а откривањето на рецептот за тоа како е создаден, ќе претставува втората грешка“, смета доктор Томас Инглеби, експерт по биотероризам и директор на Центарот за биосигурноста од Универзитетот во Питсбург.
Сепак стегањето на информациите, според други експерти, е лошо затоа што во научниот домен тие треба да се ослободат, поради тоа што негативниот исход од истото на крајот би можело да резултира со тоа што нема да знаат како да се одбранат од истиот.
NSABB наскоро планира да издаде јавно соопштение и веројатно да издаде дополнителни препораки за истражување околу тоа дали информациите треба да се чуваат во строга тајна или да циркулираат во ограничен обем на кругови.

MK News

Автор инфо

One Response to “Претераа: Направен вирус на грип кој може да ја убие пола планета”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.