Превозникот не го пријавил возилото, започната постапка за одземање на лиценцата за работа на „Беса-транс“


Министерството за транспорт и врски работи на утврдување на сите причини за настанувањето на не среќата. Превозникот до МТВ доставил барање на 18.07.2018 година за добивање на лиценца за вршење меѓународен превоз на патници. Доставена е целокупната документација со што се исполнети условите и е издадена лиценцата. Доставена е уредна документација за извршено технички спецификации за возилата. Доставени е и список на возачи, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Тој истакна дека превозникот не го пријавил возилото кое ноќеска беше опожарено во Бугарија.

-Превозникот до овој момент има уредна лиценца за меѓународен превоз на патници. Во рамки на свои надлежности министерството издава лиценца како и извод од лиценца за меѓународен превоз на патници за секое возило поединечно. Констатираме дека возилото не било пријавено од страна на превозникот и поради тоа возилото го нема во електронската база на Министерството за транспорт и врски. Согласно овој член од законот превозникот е должен не покасно од 15 дена да го извести министерството за сите промени односно пријавување на возило или возач, рече Бочварски.

Тој додаде дека надлежен за регулирање на меѓународните превози е Инспекторат за транспорт. Министерството за транспорт и врски отпочнало постапка за одземање на лиценцата за работа на превозникот. Бочварски додава дека владата денеска го задолжил Инспекторатот за транспорт да изврши инспекција на компанијата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1