Приврзаници на Гуаидо ја окупираа Амбасадата на Венецуела во Бразил


Група поддржувачи на лидерот на опозицијата во Венецуела, Хуан Гуаидо ја окупираа зградата на Амбасадата на Венецуела во Бразилија, главниот град на Бразил.

Неименуван функционер од администрацијата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро изјави дека група од околу 20 лица насилно ја нападнале упаднале во Амбасадата.

Од друга страна, претставник на Венецуела во Бразил, назначен од Гуаидо изјави дека вработените во амбасадата ја отвориле портата и ги пуштиле приврзаниците на опозициските водачи да влезат.

Бразил и повеќе од 50 други земји го признаваат Гуаидо за легитимен претседател на Венецуела.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1