,, Продавам ЗОЉА од која е пукано во Вуковар 91, иако е во исправна состојба можете да ја купите како сувенир,, напишал нишлија во својот оглас на интернет.
Во огласот тој зољата ја нуди за 1500 динари а момчето D. S. оставил и фотографија од зољата и свој мобилен телефон. Новинарите на српски Курир го контактирале и еве што им кажал
– 1.500 мислам дека е реална цената, а може да си ја закачите на ѕид, баш е фора.
– Од каде ти е ако не е тајна?
– Другар ми ја донесе за спомен.
-Велиш дека е пукано во Вуковар? Тој ми кажа така, незнам не се разбирам јас во оружје.
– А како да ја земеме, неможеме да додјеме во Ниш.
– Па ќе морате, неможе по пошта забрането е оружје да се праќа, евентуално по воз или автобус.
До моментот додека Курир разговарал со момчето огласот го прегледале 167 потенцијални купувачи.
One Response to “Продава ЗОЉА на интернет – цена 1500 динари”