Продавниците мора и да ви ги вратат парите, а не само заменат робата ако …


При купување одреден производ, кој  од било какви причини не одговара по форма или намената за кој е купен  – трговецот е должен да ви  ги врати парите. Но често се случува, наместо пари, продавачот да ве убедува дека можна е само замена. Сител разговарал со  надлежните – дали е ова законско?

Denari-Не, ова е спротивно на законот. Во законот јасно стои дека трговецет е должен да ги врати парите, но само ако замената се врши во рок од 15 дена, производот не е носен или оштетен и се чува фискланата сметка.

Сепак, за ова имаме најмногу поплаки од граѓаните. Се жалат дека  трговецот ги условува дека е можна само замена со друг производ, веројатно за ди си го задржат прометот. , вели Маријана Лончар, од Организација за заштита на потрошувачите.

 Ги знаат ли ѓраѓаните своите права?

-Да сум побарала да ми ги вратат парите, но тие ми нудат само замена, а пари не враќаат. Да ги знам правата, но процедурата е долга, па најчесто барам да ми се замени купениот производ, вели граѓанин.

-Прво ми нудат замена, јас се расправам  , затоа што ги знам правата како потрошувач,  но не враќаат. Па обично го заменувам производот, или ќе си доплатам или за истата сума , вели друг

-Продавачките се расправат со нас, вели дека пари не смеат да вратат – па само го зманенуваме.

Од Организацијата за заштита на правата на потрошувачите  велат дека има поплаки и при купувањето на техничка опрема. Согласно законот – ако производот е под гаранција, а не работи, трговецот е должен , да му даде друг производ во замена додека истиот се сервисира.

-Ако три пати производот се сервисира, тогаш трговецот е должен да  му даде нов производ, додава Лончар

Од ОПМ апелираат, сите ѓраѓани кои ќе се доведат во ваква ситуација, да ги пријават трговците во Државниот позарен Инспекторат. Казните се до 4 илјади евра за правното лице, како и клуч на врата на објектот до една година. Се поднесува и преставка до Организацијата, која има  само советодавна улога, односно им нуди помош на ѓранатите  и поддршка при водењето на постапката кај надлежните.

Sitel.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

3 Responses to “Продавниците мора и да ви ги вратат парите, а не само заменат робата ако …”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.